1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит во Џакрата

Долгорочната помош за поплавените подрачја во Јужна Азија е во центарот на вниманието на самитот што започна денеска во главниот град на Индонезија Џакарта и на кој учествуваат политичари од 26 држави, од Обединетите нации и од Европската унија.

На погодените им е неопходна помош од светот

На погодените им е неопходна помош од светот

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан предупреди на опасноста од, како што го нарече, “Втор смртоносен бран“ до колку мерките за помош задоцнат.

“За разлика од цунами, овојпат причините можат да се спречат“, рече Анан на отворањето на самитот. “Потребна е итна помош од околу 730 милиони евра за наредните шест месеци“:

“Мислам дека сите лидери овде се свесни за тоа што се случи и дека ќе го дадат можниот придонес за прва помош и за обновата на погодените земји“.

Досега меѓународната заедница вети околу 3 милијарди евра за поддршка на жртвите од поплавата, а приватни групи и поединици ветија донации од уште 500 милиони евра. Најголемите ветувања дојдоа од Германија и Австралија. Американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел соопшти дека групата држави на чело со САД ќе се приклучи во координирањето на помошта кон Обединетите нации. Вкупните размери на катастрофата се уште се несогледливи бидејќи помошниците се уште не успеаја да стигнат до посебно погодените подрачја во индонезискиот регион Аче. Досега официјално се зборува за 145 илјади жртви.