1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Самит во Нови Сад

Македонија и Србија треба да бараат точки каде можат да водат блиска, па дури и заедничка политика, порача српскиот претседател Борис Тадиќ пред самитот на земјите од Централна Европа, што почнува денеска во Нови Сад.

default

Српскиот претседател Борис Тадиќ, домаќин на средбата

Самитот на земјите од Централна Европа во Нови Сад, кој се одржува под насловот „Три Е“, економија, енергија и европска интеграција, официјално ќе почне денеска, со работната седница во свечената сала на покраинскиот парламент на Војводина, по што се предвидени бројни билатерални средби на четиринаесетте претседатели на земјите-учеснички.

Борис Тадиќ и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, истакнаа дека за двете земји е од големо значење од почетокот на 2010 година да се најдат на т.н. бела шенгенска листа.

„Разговаравме за теми за кои досега немаме толку отворено зборувано, посебно за иднината на регионот, визната либерализација, “ рече Иванов. Српскиот претседател се заложи за подобрување на соработката, иако двете земји немаат ист став околу прашањето за Косово. „Ако има прашање за кое немаме исто мислење, тогаш тоа е прашањето за Косово и Метохија. Но, и покрај тоа, мораме да соработуваме и да бараме што е можно повеќе прашања по кои можеме да водиме блиска, ако не и заедничка политика“, истакна Тадиќ.

Претседалот на Србија, Борис Тадиќ, по средбата со хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, најави дека на почетокот на септември ќе го посети Загреб, како и дека ќе се работи на воспоставување на авионска линија на релација Загреб - Белград. Тадиќ истакна дека се разговарало и за прашањето за границите: „Се согласивме дека ова решение, кое има привремен карактер, треба да важи и понатаму, и да одиме во насока на решавање на прашањето за границите во духот на добрососедството и соработка, со цел да се избегне една земја да ги блокира европските интеграции на другата.“ Стјепан Месиќ, пак, се заложи за брзо враќање на бегалците во Хрватска и најави дека ќе биде отворено прашањето за т.н. тајни списоци и тужби, бидејќи без тоа, Хрвтаска не може да биде демократска држава.

Инаку, средбата на претседателите на земјите од Централна Европа во Нови Сад ја следат преку двесте новинари од петнаесет земји, а мерките на безбедност се на највисоко ниво.

Автор: Динко Грухонјиќ / Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска