1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самитот на Г8 “голем успех“

Уште пред канцеларката Ангела Меркел да даде оценка за тоа што донел самитот во Хајлигендам, владеачката партија во Германија ја оценува средбата како голем успех.

default

Ангела Меркел со американскиот и рускиот претседател Џорџ Буш и Владимир Путин

Меѓу успесите се наведуваат пробивот околу заштитата на климата, како и спогодбата за борба против сирмаштијата. На оваа втората и‘ беше посветено големо внимание на денешните разговори.

Лидерите на Г8 денеска договорија нова програма за помош за Африка во износ од вкупно 60 милијарди долари. Средствата што се планирани до 2015-та година ќе бидат насочени пред се‘ за борба против сидата, маларијата, туберкулозата и другите болести што најмногу го загрозуваат населението на “црниот континент“.

Половината од средствата ќе ги дадат САД, доколку останатите треба да дојдат од другите 7 земји на Групата. Германија од своја страна најави вкупно 4 милијарди евра.

По средбата со претствници од пет африкански земји, домаќинот на средбата, канцеларката Ангела Меркел, порача:

“Ние од Групата Г8 сме обврзани да го исполниме она што го ветивме. Тоа и ќе го направиме! Но, исто така рековме дека имаме и очекувања од африканските земји. Се договоривме и за проверка на стореното“ - додаде Меркел.

Канцеларката посочи дека е договорено на следната средба во Токио наредната година да се изготви извештај за извршувањето на обврските. Од името на петте претставнички на црниот континент, претседателот на Гана, Џон Куфур, порача:

“Африка очекува дека групата Г8 ќе ги оствари ветувањата. Ние сме исто така подготвени да ги оствариме нашите, така што тоа ќе биде вистинско партнерство. Исто така рековме дека треба да го обновиме заедничкото тело, кое ќе води сметка за тоа обете страни да се придржуваат до договореното.“

Во завршната декларација од самитот се зборува и за стратешко партнерство меѓу Г8 и африканските земји. Проблемите со кои се соочуваат земјите од овој континент, како гладот, сиромаштијата, тероризмот и сидата се глобални, а не локални африкански проблеми. Во документот се бараат повторно засилени напори на африканските земји на полето на реформите на стопанството, социјалните и здравствените системи. Освен тоа Групата Г8 очекува засилена борба против корупцијата.