1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самитот на Г20 останува во сенка на грчката криза

Водечките 20 индустриски држави и земји во стопански подем денеска ги продолжуваат разговорите на Самитот на Г20 во Кан.

default

Учесниците на самитот на Г 20 во Кан

На дневниот ред на денешниот втор и последен ден на Самитот на Г20 во францускиот град Кан меѓу другото се темите за климата и енергијата. Покрај тоа требаа да биде усвоен своевиден Акциски план за заедничко поттикнување на глобалниот стопански раст. Меѓутоа, слично како и вчера на првиот ден од средбата во Кан, се очекува должничката криза во Европа и случувањата во Грција да доминираат над сите други теми.

Краткорочни кредити од ММФ за земјите во криза?

Земјите од Г20 според весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ имаат намера да извлечат поуки од грчката драма. Така во иднина Меѓународниот Монетарен Фонд би требало да може да им доделува краткорочни кредити за осигурување на ликвидноста на земјите во криза за да може тие да бидат заштитени од „заразата“ на финансиската криза.

Frankreich Italien G20 Gipfel in Cannes Silvio Berlusconi

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони

Се очекува ова да биде договорено на Самитот на Г20 во Кан. Италија според ваквиот план би можела на пример да позајми околу 45 милијарди евра. Кредитите би биле доделувани за период од шест месеци со можност за уште едно продолжување. Пристап до кредитите би требало да добијат само земји кои би можеле да докажат дека водат солидна економска политика со мали слабости.

Италија согласна на надзор од ММФ и ЕУ

Во овој контекст е и денешната информација дека Италија се согласила Меѓународниот Монетарен Фонд и Европската Унија да надгледуваат како таа напредува во исполнувањето на целите во структурните реформи, како и реформите на пензискиот систем и пазарот на труд, кои беа договорени со лидерите на ЕУ на последниот Самит во Брисел. Италија нема проблем со надзорот, дури и со вклучувањето на ММФ, изјави висок дипломат во ЕУ за светските агенции, додавајќи дека ЕУ и ММФ ќе известуваат како Италија ги исполнува целите со кои треба да се намали големиот долг на државата.

Автор: Симе Недевски/дпа/афп

Редактор: Борис Георгиевски