1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самитот за климата во Доха во продолжение

Преговорите на Самитот за климата на ОН во катарскиот главен град и покрај истекот на планираниот термин за негово одржување продолжуваат, без голема надеж за успех.

Големиот самит за климатските промени во Доха се заканува да пропадне. Со оглед дека до планиранниот завршеток на самитот вчеравечер немаше на повидок едногласно прифаќање на пакет мерките за заштита на климата, конференцијата е продолжена. Главна спорна точка се ветувањата за финансиска помош за земјите во развој за справување со последиците од глобалното затоплување. Покрај тоа делегатите на самитот во катарскиот главен град спорат и околу продолжувањето на важноста на Кјото протоколот за заштита на климата до 2020. година, во кој и натаму остануваат обврзани на редуцирање на емисиите на штетни гасови во атмосферата.

Наредната конференција во Варшава

Со оглед на фактот дека има се’ повеќе докази дека заради климатските промени предизвикани од човековите активности се топат глечерите на половите, а нивото на мориња расте побрзо отколку што претходно се очекуваше, сиромашните земји бараат од Западот да примени поголемо и итно намалување на емисијата на ЦО2 во соглссност со Протоколот од Кјото и на земјите од третиот свет да им се дадат повеќе пари за прилагодување на климатските промени.

Меѓутоа многу од богатите земји, пред се’ САД но и државите од ЕУ, упатуваат на тоа дека линијата на разграничување во минатото меѓу развиените и земјите во развој, што беше клучен елемент во дваесетгодишните дискусии за климата, не е актуална во денешниот свет и нема да помогне во решавањето на проблемот. Сега повеќето емисии доаѓаат од земјите во економски подем, кај кои предничи Кина, која во тој поглед ги претекна САД, испуштајќи најголем дел од емисиите на јаглерод диоксид во светот.

Согласност досега на самитот постои само околу тоа дека наредната Конференција за климата на ОН во 2013 година ќе се оддржи во полскиот главен град Варшава.