1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самитот за интеграција ќе се држи во нецелосен состав

Со откажувањето на учеството од страна на три здруженија на Турците во Германија, самитот нема да пропадне, но сепак, нивното неприсуство значи чекор назад.

default

Дел од поканетите нема да се појават на самитот кај канцеларот Ангела Меркел

Напладне во Берлин треба да започне самитот посветен на интеграцијата. Во кабинетот на канцеларот Ангела Меркел треба да се соберат 87 претставници на политиката, здруженијата на доселениците и граѓански општетствени организации. Меркел треба да го поднесе, а потоа и јавно да го претстави националниот план за интеграција на странските доселеници.

Откажувањето на учеството на самитот од страна на три здруженија на Турците во Германија остро го осуди државниот министер и владин повереник за проблематиката на странците Марија Бемер, како “претеран и во тонот и во суштината”. Претставникот на ЦДУ за внатрешна политика Волфганг Бозбах ја отфрли критиката на турските здруженија на неодамна усвоениот Закон за доселување како погрешна, а отсуството од самитот, според него, е “мечкина услуга”. Самитот со тоа нема да пропадне, но сепак, смета Бозбах, нивното неприсуство значи чекор назад.

Претседателот на турските заедници во Германија Кенан Колат ја брани постапката на здруженијата и најави тужба кај Уставниот суд против Законот за доселување. Евангелистичката црква не ја исклучува својата подршка за таква тужба.