1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Самитот за интеграција во Берлин сепак ќе се одржи

*

И покрај најавата за неучество на погоелемиот дел од организациите на турските мигранти во Германија, владата во Берлин најави дека Самитот за интеграција закажан за в четврток сепак ќе се одржи. Во знак на протест поради заострувањето на законот за доселување, турските мигранти најавија бојкот на средбата со германската канцеларка Меркел. Претседателот на турската заедница во Германија, Кенан Колат критикуваше дека во новиот закон за интеграција има нееднаков третман на странците. На Самитот треба да се извлече биланс на досегашните активности на ова поле како и да се претстави национален План за интеграција.