1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Самарас смета дека Грција е на добар пат

Грчкиот премиер Андонис Самарас смета дека неговата земја во рок од шест години повторно ќе го достигне нивото од пред финансиската и економска криза.

Андонис Самарас дава оптимистичка прогноза. „Се‘ уште не сме се извлекле од тешкотии, се‘ уште има проблеми што мора да се решат“, рече грчкиот премиер во Атина, додавајќи меѓутоа дека според повеќето експерти, земјата ќе го достигне животниот стандард и ќе има економска сила како пред кризата „не за неколку децении или повеќе генерации, туку за само шест години“.

Во меѓувреме, Грците повторно протестираат против мерките за штедење. На вториот ден од неделата на протести со работа престанаа државните службеници, меѓу нив и наставниците во гимназиите. Штрајкуваат и голем број вработени на универзитетите, како и вработените во пензиските и

Athen Streik Polizei 16.09.2013

Недела на штрајкови во Грција

здравствените фондови. Лекарите пак, во државните болници примаат само итни случаи.

Протестите во Грција утре треба да достигнат врв. Државните службеници тогаш ќе стапат во 48-часовен штрајк и ќе демонстрираат на улица. Грција, под притисок на меѓународните инвеститори, треба да отпушти 15.000 службеници до крајот на 2014 година. Освен тоа, 25.000 административци треба да се префрлат во таканаречената „мобилна резерва“ од каде или ќе бидат префрлани на други работни места, или ќе бидат отпуштени.