1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самарас: Ова ќе биде последна програма за штедење

Грчкиот премиер Андонис Самарас им вети на Грците дека нема да има нови програми за штедење. Европската унија меѓутоа од владата во Атина бара видливи резултати од реформите.

Новата програма за штедење од повеќе од 11, 5 милијарди евра ќе биде последна, која Грците ќе мора да ја спроведат. Ова го вети грчкиoт премиер Андонис Самарас денеска, само неколку часа пред протестите на сидникатите против планираните кратења. „Ова ќе бидат последни кратења“, изјави Самарас во Солун, на отворањето на најголемиот саем во Грција. Доколку Грција би ја напуштила еврозоната, земјата финансиски би „умрела“.

Во меѓувреме полицијата ги зајакна своите редови во Солун. Синдикатите за денеска повикаа на масовни демонстрации против штедењето. Програмата за штедење меѓутоа е предуслов за натамошна помош за Грција.

Griechenland Athen Troika Samaras Van Rompuy

Ван Ромпој на средба со Самарас во Атина

Премиерот Самарас пред денешните протести против грчката прогама за штедење ги повика доверителите на брза исплата на следната транша за високозадолжената земја. По средбата со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој вчера во Атина, Самарас изјави дека исплата е итно неопходна за економско опоравување на Грција. Ван Ромпој од Грција побара, при реформите да покаже и „резултати“.