1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Самарас: Неонацистите се најголема опасност за демократијата

Грчкиот премиер Андонис Самарас оцени дека неонацистите се најголема опасност за земјата. Арсеналот правни средства е доволно силен за да ја заштити државата од партијата Златна зора, нагласи тој.

Грчкиот премиер Андонис Самарас во изјава за државната телевизија денеска (11.10.) рече дека демократијата ќе се бори против своите непријатели и ќе ги победи.

Грчкото правосудство ги товари шефот на Златна зора, Николаос Михалолијакис и дузина други водечки личности во партијата, дека ја претвориле неонацистичката партија во криминално здружение. Според обинителството, тие повредувале луѓе, уценувале, тепале до смрт, извршувале бомбашки напади и переле пари.

Шефот на Златна зора и двајца пратеници се веќе во притвор во Атина. Правосудните органи побараа и укинување на имунитетот на други тројца пратеници на Златна зора, меѓу кои и сопругата на партискиот лидер, Елени Зарулиа. Гласањето за тоа треба да се одржи наредната недела. Десните радикали имаат 18 пратенички места во парламентот во Атина, кој инаку има 300 места.