1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Самарас го одбил Груевски

Грчкиот премиер Андонис Самарас го одбил предлогот на македонскиот премиер Никола Груевски за директни средби на највисоко ниво за да се интензивираат разговорите за надминување на проблемот со името, објави „Дневник“.

Во одговорот на писмото што македонскиот премиер Никола Груевски му го испрати пред дваесетина дена, шефот на грчката влада Андонис Самарас вели дека немало потреба од средби бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволувала Македонија да оди напред, пишува „Дневник“.

Груевски во писмото до Самарас му предложил начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името, меѓу другото, создавање тимови на чело со  премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот. Груевски побарал поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на РМ со ЕУ. Според македонскиот премиер, тоа не само што ќе придонесе за посветла иднина за двете земји и за регионот, туку и ќе ја подобри климата за успешно затворање на проблемот за името.

Груевски потенцира дека разговорите би се одвивале во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение и нагласува дека Македонија искрено посакува Грција и денес да биде истакнат партнер и поддржувач на државата во започнување на пристапните преговори со Унијата.