1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самарас ги куражи Грците

Грчкиот премиер Андонис Самарас пред почетокот на новата година настапува со оптимистички тонови: нема да биде потребна натамошна помош, а не е исклучено ни враќање на Грција на финансиските пазари.

По истекот на договорената меѓународна програма за спас, Грција идната година ќе може да помине и без нова помош, најави грчкиот премиер Андонис Самарас во новогодишното обраќање. Грција „идната година повторно ќе се врати на пазарите и ќе тргне по патот на нормална земја“, уверен е Самарас.

Но, за наредните чекори на Грција зелено светло треба да даде Тројката - претставниците на ЕУ; Европската централна банка и ММФ. Тројката во јанураи повторно доаѓа во Атина за да ја заврши проверката на грчките напредоци за излез од економската и финансиска криза. Досега, иако со половина уста, се зборуваше за потреба од натамошна финансиска инјекција за периодот од 2015 до 2018 од над 10 милијарди евра.

Самарас за 2014 година најави „голем чекор“ и оставање зад себе на програмата за финансиска помош. Грчкиот должнички товар следната година, според Самарас, ќе треба да биде признат како поднослив. Грчкиот премиер на своите сограѓани во вид им стави економско опоравување по шест години рецесија. Целта е грчката економија повторно да биде конкуретнта.

Грција оваа година оствари првпат позитивен биланс на својот буџет, но без да се земе во предвид товарот на огромните долгови. Тројката треба да утврди дали во грчкиот буџет од 2015 до 2019 ќе се јави повторно „дупка“ и колкава би била таа. Од 2010 година ЕУ и ММФ ја помагаат Грција преку финансиски програми кои достигнаа до 240 милијарди евра. Сегашната програма за помош на Грција истекува во средината на 2014. година.