1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самарас вели дека имал плодна дискусија со Бан

Грчките медиуми јавуваат дека премиерот на Грција Андонис Самарас е „многу среќен“ со резултатите од неговите средби во Њујорк и Вашингтон, пренесува МИА.

Медиумите во Грција денеска ја пренесуваат изјавата на грчкиот премиер по вчерашната средба со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки- мун во седиштето на ОН во Њујорк: „На средбата со генералниот секретар на ОН разговаравме за различни прашања кои, би кажал, се од глобално значење и познати прашања што ја засегаат Грција. Имавме многу плодна дискусија и ова беше можност да му ги објаснам на генералниот секретар грчките ставови и мислења“, рекол Самарас.

„То Вима“, „Елефтеротипија“ и другите грчки весници и електронски медиуми, засега само го пренесуваат коментарот на Самарас дека е „многу задоволен“ од средбите во Америка.

„Катимерини“ потсетува дека „Самарас и неговите помошници исто така беа задоволни што претседателот на САД, укажа на тоа дека „Грција може да биде корисен партнер во Југоисточна Европа и пошироко“.

„Како што кажа премиерот, понекогаш тоа е соседство со предизвици, и Грција може да игра важна стабилизирачка и партнерска улога како што ние се справуваме со прашања на Блискиот Исток и Северна Африка“, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Обама.

Според извори на весникот, за време на средбата во Белата куќа, Самарас предложил Грција да биде домаќин на следната рунда прелиминарни мировни разговори меѓу израелските и палестинските претставници.