1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Салех замина на операција, Јеменците слават

За демонстрантите тоа значи безмалку пораз на долгогодишниот диктатор. И додека партиски извори тврдат дека Салех ќе се врати за неколку дена во Јемен, многумина сметаат дека неговата позиција е сериозно разнишана.

default

Како борбата за власт да е веќе завршена, илјадници демонстранти во центарот на јеменскиот главен град го слават отсуството на претседателот Салех. Тие веќе со месеци протестираат против неговото тридецениско деспотско владеење.

„Среќни сме што успеавме да го урнеме режимот со мирните демонстрации. За нас денешниот ден е вистински повод за славење“, вели еден од демонстрантите. Друг, пак, додава:

„Ќе ја продолжиме борбата. Денеска го постигнавме првиот успех, но тука не е крајот на нашата револуција. Ќе продолжиме, се` додека не се исполнат сите наши барања и додека не се убедиме дека се родил нов Јемен.“

Повредите посериозни отколку што се сметаше

Ali Abdullah Salih

Салех веќе три децении владее во Јемен

Али Абдула Салех беше повреден во петокот во ракетен напад врз претседателската резиденција. Иако на почетокот се говореше за „полесни повреди“, станува очигледно дека 69-годишниот диктатор посериозно настрадал. Наводно шрапнели од бомба се` уште не се извадени од неговиот граден кош, што претставува директна закана за работата на срцето. Затоа Салех мораше да биде пренесен во болница во Саудиска Арабија. Неговите должности ги презема заменик-претседателот Мансур-Хади, но во реалноста конците, всушност, ги влече саудиската кралска фамилија.

Саудиска Арабија се обидува со сите сили да спречи натамошна ескалација на конфликтот во Јемен. Дури се обиде и да посредува меѓу претседателот и опозицијата, но без успех.

Автор: Флоријан Екарт/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска