1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Салех бара имунитет за да се повлече од власта

По повеќемесечните протести против авторитарното владеење, јеменскиот претседател Али Абдула Салех изразил готовност наскоро да ја предаде власта. Еден од неговите услови е да добие имунитет.

default

Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех

Али Абдула Салех го прифати планот кој го подготви Советот за кооперација на заливските држави, објави ноќеска државната телевизија на Јемен. Претседателот бил подготвен власта да ја предаде на неговите заменици, и да добие имунитет.

Планот на Советот во кој членуваат, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Кувајт, Бахраин и Катар предвидува и формирање влада на национално единство и крај на демонстрациите во Јемен.

Jemen Proteste Demonstrationen gegen die Regierung

Секојдневни демонстрации против режимот на Салех во Јемен

Претседателот треба да се повлече во рок од 30 дена, а во период од 60 дена треба да биде избран нов претседател. Предлозите на Советот ги одобри и владејачката партија во државата. Опозициското движење од седум партии во осонова е согласно со планот, меѓутоа имаат некои забелеши. Тие бараат прво оставка на Салех, а потоа формирање на влада, инаку „ќе треба да поденсат заклетва пред Салех, кој веќе го загуби легитимитетот“, вели портпаролот на иницијативата Мохамед Катан.

САД во меѓувреме упатија барање до претседателот Салех, „неодложно“ да почне процесот на мирно предавање на власта. Тоа мора да се случи преку дијалог, подвлече портпаролот во министeрството за надворешни работи во Вашингтон, Марк Тонер. Салех долг период уживаше поддршка од Соединетите држави, кои во него гледаа важен сојузник во борбата против теророт. Салех во Јемен на власт е 32 години.

Автор: АТ/СН/ртр/афп/дв

Редактор: Симе Недевски