1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Салафистите продолжуваат да делат Коран во градовите

Активностите на салафистичките групи во Германија предизвикуваат реакции во јавноста. Политичарите се вознемирени, а службите задолжени за безбедност стравуваат дека релгиозната клима би можела да се заостри.

Приврзаниците на фундаменталиситичката група на салафистите се облекуваат како придружници на пророкот Мухамед пред 1400 години и застапуваат радикален ислам. Тие веќе неколку недели во пешачките зони во германските градови го делат Коранот на случајните минувачи. Според нивни извори, целта е да поделат 25 милиони примероци од Светата книга на исламот и на тој начин да стекнат нови приврзаници. Организатор на групата е бизнисменот Ибрахим Абу Наги, кој живее во Келн. Тој стои зад интернет страница која отворено има мисионерска цел и во меѓувреме ги повика приврзаниците да продолжат со делењето на Коранот и покрај растечката критика.

Истрага против салафистите

Германското министерство за внатрешни работи сериозно ги надгледува актуелните стремежи на салафистите, изјави портпаролот Маркус Бејер во Берлин. Тој укажа на истрагата против групата „Покана за рајот“ од декември 2010 година. Тогаш ширум Германија се реализираа претреси против здружението и највлијателните членови. Тоа конечно доведе до растурање на здружението. Службите кои се задолжени за заштита на уставот активностите на салафистите ги имаат во визирот уште од ноември 2010 и групата ја набљудуваа и преку методи на тајните служби. Делењето на примероци на Коранот во германските градови спаѓа под религиозна слобода и неможе да биде забрането. Меѓутоа, не е прифатливо ако новинарите кои истражуваат за групата влезат во опасност. „За нас апсолутно не е прифатливо, во Германија новинари да добиваат закани и со тоа се тангира слободата на печатот“, вели Бејер. Во овој контекст веќе се води првична истрага. 

Во едно интернет видео, кое во меѓуврме е отстрането од мрежата, новинарите добиваа закани, а меѓу нив и еден репортер на весникот „Франкфуртер рундшау“. Германскиот сојуз на новинари ги осуди обидите за заплашување. „Критичкото известување е сржта на демократското општество“, истакна претседателот на Германското здружение на новинари Михаел Конкен. Ова мора да го прифатат и религиозните фанатици. Тој ги охрабри новинарите да бидат будни и да не дозволат да бидат заплашени поради заканите. „На новинарите не може да им се пропишува за кои теми ќе известуваат“, подвлекува Конкен во писмената изјава.

Deutschland Mann mit Koran

Салафистите сакаат да поделат 25 милиони примероци на Коранот во Германија

Загриженост во Берлин

Претставници на партиите, стручњаци за безбедност и здруженија во меѓувреме изразија загриженост поради активностите на салафистите. Фолкер Бек од Партијата на Зелените побара групата „Вистинска религија“, која стои зад акцијата, темелно да се надгледува. Токму против нејзиниот водач во моментов се води постапка поради подбуцнување меѓу народите. Да се забрани делење на Коранот неможе, подвлекува Бек.

Исто така и шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ Фолкер Каудер критикуваше дека Коранот се злоупотребувал за екстермистички сплетки. Експертот за внатрешни работи од ЦСУ Ханс Петер Ул побара да се прекинат сплетките на салафистите. Политичарот од СПД Томас Оперман оцени дека салафистите ја користат религијата само како плашт, во реалноста тие спроведуваат агресивна пропаганда. „Не секој салафист е терорист. Но, групата на салафисти има амбивалентен однос кон насилството и нуди плодно тло за тероримзот“, изјави Оперман.

Службите за безбедност сметаат дека салафистите во Германија имаат од 4.000 до 5.000 приврзаници. Околку десетина се водечки личности. Активностите на групата внимателно се следат, исто така и делењето на примероци на Коранот во германските градови. Според информации од кругови на властите задолжени за безбедност, салафистите и натаму планираат бесплантно да го делат Коранот.