1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сакашвили прогласен за победник

Претседателот на Грузија Михаил Сакашвили, според привремените резултати, победи на предвремените претседателски избори. Како што синоќа соопшти изборната комисија, тој освоил 52,8 проценти од гласовите

default

Опозицијата во Грузија не верува во објавените резултати

Опозицијата тврди дека станува збор за фалсификат и демонстрира. Вчера попладне во центарот на галвниот град на Грузија, Тбилиси, се собраа околу 5 до десет илјади припадници на опозицијата: „Овде сме зашто изборниот резултат е фалсификуван, Поради тоа протестираме. Сметаме дека Леван Гачечиладзе е победникот. Сигурни сме во тоа„. Леван Гачечиладзе, кандидатот на опозицијата, според актуелната состојба на изброените гласови, доби само 27 проценти што значи дека нема шанси да победи, што ги лути демонстрантите: „Сакам да ја знам вистината. А, вистината е дека Сакашвили беше претседател, сега веќе не, но се обидува да не измами„. Наспроти протестите во ноември, овојпат се мина мирно, а полицијата не беше присутна. Една демонстрантка вели: „Протестираме зашто изборите беа фалсификувани. Сакашвили и неговата влада се’ изманипуираа. Тие славеа иако се уште немаше никакви резултати„. И вистина падна во очи што Сакашвили веќе синоќа се прогласи за победник. Во неговиот штаб се собраа повеќе илјади приврзеници. Околу 1 часот се појави пред ТВ камерите: „Верувам во голема идинина на Грузија. Ова беше голема победа за Грузија. Ви благодарам на сите„.

Меѓународните посматрачи го пофалија текот на изборите. Шефот на посматрачката мисија на ОБСЕ, Алси Хестингс:

„Претседателските избори на 5 јануари минаа во согласност со најголемиот број барања на ОБСЕ и на Советот на Европа и се соодветни на стандардите на демократски избори„. Руското министерство за надворешни работи таквата оценка ја смета за површна. Има индиции за голем број повреди на изборното право. Изборите не беа ниту слободни, ниту фер, се вели во Москва. Денеска Грузија го слави православниот Божик и затоа може да се смета на политичко примирје, односно денот да мине без демонстрации.