1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сакашвили под се‘ поголем притисок

Поради скандалот со видеото од еден затвор во Грузија, на кое е прикажано злоставување, претседателот Михаил Сакашвили една недела пред парламентарните избори се наоѓа под се‘ поголем притисок.

Повеќе студенти стапија во штрајк со глад пред Палатата на правдата во главниот град Тбилиси во знак на протест против нечовечкиот третман во затворите. Тие освен тоа бараат ослободување на активистите кои беа уапсени по последните демонстрации и осудени на затвор меѓу 10 и 40 дена. Скандалот со злоставувањето затвореници веќе доведе до оставка на министерот за внатрешни работи Бачано Ахалаја и на надлежната министерка одговорна за казненопоправните институции, Хатуна Калмахелиѕе, а беше сменет и персоналот на затворот.
Обвинителството издаде 12 наредби за апсење на затворските чувари, а Сакашвили вети најстроги казни.


Сакашвили, кој досега одбива оставка, изјави дека моментот кога е јавно објавено видеото за цел има влијание врз парламентарните избори кои треба да се одржат на 1. октомври. Поради скандалот со затворениците се зголемува поддршката за опозициската коалиција „Грузиски сон“ на милијардерот Бидзина Иванишвили. Тој е најбогатиот човек во Грузија, кој продаде голем број на акции во Русија, за да влезе во политиката.