1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сакашвили на пат кон победа

Според првите резултати,досегашниот шеф Михаил Сакашвили однесол убедлива победа на претседателските избори во Грузија. Меѓународните набљудувачи се главно задоволни од текот на предвремените избори

default

Во Тбилиси веќе се слави,а опозицијата протестира

Развиорени знамиња,колони автомобили во центарот на Тбилиси со луѓе кои ја слават веќе победата на стариот и сега веројатно нов претседател на државата Михаил Сакашвили.Според досегашните информации,тој освоил апсолутно мнозинство од 55 проценти од гласовите.Претседателот ноќеска се појави пред неговите следбеници и најави продолжување на својата политика,тој верува во иднината на земјата. Опозицијата ја оспорува победата и затоа со нетрпение се очекуваше оценката на меѓународните набљудувачи.Тие се главно задоволни од текот на изборите,иако на места имало извесни неправилности.Раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ,организацијата за европска безбедност и соработка,Алси Хастингс: "Во Грузија вчера демократијата направи триумфирачки чекор.Мислам дека граѓаните на Грузија имаа можност слободно да одбираат." Главниот противкандидат на Сакашвили на претседателските избори,Леван Гачешиладзе меѓутоа се сомнева во регуларноста на изборите.Опозицијата тврди дека ниеден кандидат не освои повеќе од 50 проценти од гласовите.Фалсификувања имало особено онаму каде не биле присутни набљудувачите. Грузија и по овие избори очигледно останува поделена.За попладнево се закажани големи демонстрации на опозицијата.

►◄