1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сакаме да видиме рефомски прогрес

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере е уверен дека македонската влада ќе ги прифати и позитивно ќе ги искористи сите забелешки кои ќе ги изнесе Европската комисија на 5 ноември. ЕУ очекува резултати-рече Фуере.

default

Евроамбасадорот Фуере на неговата последна средба со македонскиот вице-премиер Боцевски

Амбасадорот на ЕУ во Македонија , Ерван Фуере кој денеска одржа отворен ден со граѓаните во Информативниот центар на Европската унија во Скопје порача дека негова работа е да ги потсети владините претставници што се очекува од Македонија во нејзиниот евроинтегративен процес, вклучувајќи ги и клучните реформи кои се најважни.

Тоа не се резултати на демократско општество

„Во текот на оваа година се виде дека недостига политички дијалог, што се покажа со парламентарните избори годинава, кои беа катастрофални и никако не смеат да се повторат, како и се што се случуваше во политиката во текот на јуни. Тоа не се резултатите кои ги очекуваме од едно демократско општество“, рече Фуере.


Тој притоа изрази уверување дека македонската влада ќе ги прифати и позитивно ќе ги искористи сите забелешки од годишниот извештај за напредокот на земјата на патот кон ЕУ , што на петти ноември треба да го објави Европската комисија. Тој уште истакна дека неговата и улогата на Европската комисија е да ја советува владата во Скопје, а таа да носи одлуки и да ги спроведува.

Веќе е познато дека на 5 ноември во извештајот на Европската комисија нема да биде препорачан датум за почеток на пристапните преговори на Македонија.

Идентитетот не може никој да го земе

Одговарајќи на прашање од присутните граѓани за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Фуере изрази надеж дека овој долгогодишен проблем наскоро ќе се реши и ќе се продолжи натаму пријателски.


„ Упатуваме порака до земјите во спорот да работат заедно и да најдат соодветно решение за да се оди напред. Идентитетот никој не може да го земе, тоа е многу свето и лично прашање, а се надевам дека решението нема да донесе измени во јазикот и идентитетот, порача евроамбасадорот Фуере.