1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Саем на книгата во Солун

Покрај големите меѓународни саеми на книгата во Франкфурт, Париз или Лонодон, има голем број помали вакви манифестации кои се специјализирани на определен регион. Во Грција минатата година за првпат се оддржа саем на книгата во Солун.

Од aнтиката до денешнината - книгите ја зачуваа својата вредност

Од aнтиката до денешнината - книгите ја зачуваа својата вредност

Со оглед на сраснувањето на континетот Европа годинава беа поканети издавачи, автори и други претставници на браншата од повеќе европски земји. Присутни беа и германски претставници, лектори, преведувачи, а заеднички штанд имаа Гете институтот и Дојче Веле.

Грција е земја на поетите и мислителите. Ова не е клише. Сепак денеска луѓето во Грција не се потпираат само на ловоровиот венец на класиците. Грчката литературна сцена сака да каже и едно зборче во Европа на новиот век. Што би било посоодветно отколку саем кој ја става литературата во центарот на своето внимание. Минатата година саемот во Солун беше скромен со фокус на националната литература годинава доби меѓународна димензија. Катерин Велисарис, директорка на грчкиот центар за книгата вели:

„Грција е европска земја, која така речи го покани семејството.“ вели Велисарис и дополнува дека поканети беа и Балканските земји, Русија и другите европски земји.

Околу 120 штандови во халата 15 на саемот во Солун, не беа преполни, сепак еден саем секогаш е голема културна берза за контакти. Токму затоа присутни беа и Гете институтот и неговиот медиумски партнер Дојче Веле. Карл Хајнц Талман раководител на Гете институтот истакнува

„Областа литература игра впечатлива улога, пред се во образовната кооперација. Тоа е соработката меѓу германиститее во земјава, училиштата, приватните училишта и универзитетите.“

На крајот сите беа задоволни. Наредната година треба да продолжи традицијата со значително поголем број учесници од европските земји.