1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Саем за автомобили во Женева - Германците нудат се’

Салите на женевскиот саем на автомобили се преполни, застапени се сите марки, а кризата како никогаш да не се случи. Во центарот на вниманието се еколошките возила, кои трошат помалку гориво или имаат алтернативен погон.

default

Порше во Женева го претстави новиот „Спајдер 918“

Пред точно една година на врвот на кризата, директорот Ролф Штудер размислувал дури и да го откаже годинешниот саем. Денес, веќе не ја ни споменува кризата, а за германските производители вели. „Германската автомобилска индустрија покажува голема иновативност. Изложени се автомобили кои имаат помали мотори со поголема моќност. Има и автомобили од соништата- германските произведувачи нудат се’.“

Genf Autosalon 2010 Audi A1 e-tron

Ауди А1

На саемот се претставени 200 излагачи од 30 земји. Светска или европска премиера имаат 100-ина модели, а меѓу нив, многу со алтернативен погон. Ауди се обидува повторно да го освои пазарот на мали автомобили, па на саемот го претстави новиот Ауди 1. „Ауди планира повторно да продава повеќе од еден милион возила годишно. Ако успееме во тоа, сме завршиле голема работа“, вели шефот на Ауди, Руперт Штадлер.

БМВ, пак, планира излез од кризата со новиот модел на популарната „петка“. Првиот човек Норберт Рајтхофер вели дека најлошото за автомобилската индустрија минало, а не е загрижен поради укинувањето на мерките за поттикнување на продажбата во Германија. „БМВ немаше некоја поголема корист во 2009-та од премиите, па нема да не погоди ниту тоа што годинава тие се укинати.“

Flash-Galerie Genfer Autosalon

БМВ „петка“

Годинава на саемот се очекуваат околу 700 илјади посетители, а особено радува податокот што една цела сала, т.н. Зелен павилјон е наменет само за еколошки прифатливите и штедливи модели на возила.

Автор: Паскал Лехлер/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска