1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Саемот ИЛА под знакот на рекорди

Стартот на годинашниот саем за воздухопловство - ИЛА во Берлин беше под знакот на воздухопловна компанија „Дубаи Емирејтс“ која набавува уште 32 патнички авиони А 380. Саемот воопшто е под белег на рекорди.

default

Ербас A 380

Гигантски - е прво што му паѓа на ум на човека кога стои пред Eрбасот А 380. На ИЛА се изложени два: едниот е на компанијата „Луфтханза“, со кој претходно беше однесена германската фудбалска репрезентација на светското првенство во Јужноафриканската Република. Другиот е најновиот, единаесети за компанијата „Дубаи Емирејтс“, која купува уште 32 такви авиона.

Superteaser NO FLASH Luftfahrtmesse ILA Schönefeld Berlin Flughafen Flugshow

Речиси се’ што е изложено на саемот е висока технологија. Најзастапен, вообичаено, е Ербас. За првпат пред широка јавност полета ербасовиот нов воен транспортер А 400. Паралелно со најновите, изложени се и историски модели на германски и американски авиони. Има за секого по нешто, вели Штефан Графе, директор на ИЛА. „Имаме интересна, мешана понуда од олдтајмери, нови авиони, технолошки предводници - ќе биде многу возбудливо. Кериер-центарот нуди интересна платформа за младите луѓе, кои сакаат професионално да се ориентират. Во халите има што да се види за сите што се воодушевуваат од техниката“.

Голем број изложувачи

Изложбениот терен опфаќа 250 илјади квадратни метри, а најновите производи ги претставуваат повеќе од 1150 изложувачи од 47 земји. Германската воздухопловна и вселенска индустрија технолошки спаѓа во светскиот врв и има посебно иновативен карактер, како што нагласи на отворањето канцеларот Ангела Меркел. „Воздухопловството и натаму е стопанска гранка во која се унапредува развојот на технологијата севкупно, развој на материјали, на прецизност, и таа има посебно значење за Германија како индустриска земја“.

NO FLASH Luftfahrtmesse ILA Schönefeld Berlin Flughafen Flugshow Angela Merkel

Долга традиција

Меѓународниот саем за воздухопловство има 101-годишна историја. Првиот се одржа во 1909 во Франкфурт. Берлин беше домаќин три години подоцна. По Втората светска војна повеќе од 30 години домаќин на манифестацијата беше Хановер. Во изминатите месеци речиси се чинеше дека ќе се наметне Лајпциг, оти со пуштањето на новиот аеродром Берлин-Бранденбург не остана доволно изложбен простор. Но, пронајдена е нова локација кај југозападниот дел на аеродромската писта. „Ние посебно се радуваме што минатиот петок беше решено ИЛА да остане во Берлин до 2020 година. Сигурен сум, и тоа ќе го потврди и годинашнава манифестација, дека беше правилна одлуката саемот да остане во близина на сојузната влада и на главниот град“, оцени Клаус Воверајт, градоначалник на Берлин.

До затворањето в недела (13.06.10) се очекува саемот да привлече 200 илјади посетители.

Автор: Сабине Кинкарц/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска