1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Саемот во Хановер – барометар за конјунктурата

Оптимизам: така гласи задолжителното мото на отворањето на секој саем. Во Хановер секогаш беше така

Енергија од ветер - саемот во Хановер

Енергија од ветер - саемот во Хановер

Во понеделникот беа отворени портите на најголемиот индустриски саем во светот во Хановер. Ќе бидат затворени в сабота на 24 април. Дотогаш пет илјади излагачи од 60 земји ги прикажуваат своите најнови решенија за ефикасни производи. Со тоа хановерскиот саем како и секогаш, важи за најважен барометар за конјунктурата. Па, сепак годинава се е некако поинаку. Овој саем се одржува во време кое не може да биде посензибилно. Прашањето затоа гласи: ќе успее ли порастот или ќе отиде во празно? За светската економија прашањето би можело да се одговори од прва. Конјунктурната локомотива САД повторно си ја врши работата, а детето што создаваше грижи, Јапонија, се чини излегува од најлошото. Европа меѓутоа, слегува надолу, а некогашниот лидер Германија стои. Германскиот канцелар тоа го гледа поинаку: неговата влада внесе многу живост, земјата е извонреден економски простор. Тој во секој случај гледа јасни сигнали за пораст.

Меѓутоа, во реалноста тоа не изгледа баш така. Германија во моментов живее од својата супстанца, додека економската база полека, но сигурно ердоира. Тоа дека германската индустрија и натаму е светски лидер, без сомневање се гледа на саемот во Хановер. Но, видливо е и тоа каде демне конкуренцијата: од една страна во Азија, од друга директно пред вратата: истокот на Европа жестоко настапува. Против ваквата конкуренција Германија може да опстане само како место за висока технологија. Но ако владата смета дека направила доволно со десетте евра такса за лекар, тогаш е на погрешен пат. Уште полошо: за да се смири бетонската фракција веднаш се негираат одделни сознанија за негативниот развој. Оттаму, мора да се направи многу повеќе: германскиот пазар за работа мора итно да стане пофлексибилен, зашто тоа е една од најважните причини што германските фирми своето заздравување го бараат на други места. А, што прави Берлин? Место да размислува за причините зошто една фирма заминува во странство, гласно се жали за наводните непатриоти. Веројатно политичарите треба да одделат малку повеќе време да ги слушнат фирмите, а не само со два часа протрчување низ саемските хали колку да си ги измијат рацете. Кога политиката би презела само еден дел од иновативното темпо на индустријата, веќе тоа многу ќе и помогне на Германија. Но, во моментов важи: саемските денови во Хановер мораат да упатат јасен сигнал за ориентацијата – за стопанството и за растежот. Ако тоа не успее, за германската индустрија ќе дојдат тешки времиња.