1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Саеми мејд ин Џермани

Какви предности има Германија како место за саеми? Колку се професионално и сервисно организирани таквите манифестации. Овие и други прашања имаат одговор во брошурата под наслов "Саеми мејд ин Џермани". Германските организатори на саеми, поддржувани од групацијата АУМА на германското стопанство ја започаа кампањата, а со оваа брошура тревба да бидат привлечени странски излагачи. Во неа има информации на германски, англиски, шпански, француски, кинески, корејски и арапски. Германија е земја со најголем број саеми зашто во ниту една друга земја тие не играат толку голема улога. На светскиот пазар на саеми германскиот удел изнесува 20 насто. Две третини од најголемите вакви манифестации се одржуват во Германија. Деновиве саемските организатори заедно со АУМА започнаа кампања која под слоганот "Саеми мејд ин Џермани" треба да донесе уште повеќе излагачи од целиот свет. Шефот на АУМА Петер Невен објаснува: "Во брошурата се наоѓаат сите информации за бројот на посетителите, на излагачите, површината, се што мора да се знае, но и ознаки на нашите интернет настапи, како се постапува со нашите податоци, информации за туристичката атрактивност на Германија". Според податоците на АУМА учеството на странски излагачи во годините меѓу 98 и 2002-та порасна за преку 15 насто, додека поради економските проблеми се намали бројот на домашните. Петер Невен Вели: "Сега во Германија на меѓународните саеми имаме учество од 50 насто странски излагачи, и секако треба и натаму да ја шириме пропагандата. Но, верувам дека и домашните фирми повторно ќе се вратат во поголем број зашто секоја од нив испитува дали саемот е за неа вистинскиот маркетиншки инструмент. На тоја план ќе пропагираме уште повеќе, во сосема друга насока за да информираме дека со саемите поефикасно може да се води комуникативна политика". Рекламната кампања на германските организатори на саеми не се концентрира на еден континент, иако токму азискиот е интересен пазар, вели Невен. Токму Кина станува интересна самеска сцена: "Имаме преку 400 места за делење. Значи не можеме да кажеме дека информираме конкретни пазари за саемите во Германија. Ги поддржуваме активностите на нашите членови, значи германските саемски друштва кои располагаат со одлична мрежа претставништва во странство, а тие тесно соработуваат со германските конзулати и амбасади. Секаде каде што има германски претставништва во светот, пред се германските претставништва на трговската комора, сите соработуваат со нас, ја делат нашата брошура за да можеме да кажеме: Германија е глобално место за саеми и не фаворизираме посебни пазари". Германските саемски организации, вели Невен, и во однос на претстојното прширување на Европската унија се добро подготвени. Тие тесно сораотуваат со тамошните надворешно-трговски комори: "Одлично сме опремени, посебно ако се согледа дека француските, англиските или италијанските саемски организации не се таков начин присутни". Во оваа година во Германија ќе се одржат 150 големи саеми. Ако и на стопанството повторно му тргне напред, се надеваат организаторите, тогаш и домашниот пазар на саеми повторно ќе цути.