1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ќе ја тужат „Стандард и Пурс“

Американското министерство за правда има намера да ја тужи рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ поради нејзините преоптмистички оценки на хипотекарските хартии пред избивањето на финансиската криза во 2007 година.

Водечката рејтинг агенција „Стандад и Пурс“ наскоро веројатно ќе се најде на суд. Американското министерство за правда има намера да ја тужи агенцијата поради нејзините препозитивни оценки на одредени хартии од вредност во 2007 година. Министерството ја информирало агенцијата за своите намери, соопшти „Стандард и Пурс“ во Њујорк и со тоа го потврди пишувањето на „Вол Стрит Журнал“.

Големите рејтинг агенции пред избивањето на финансиската криза на голем број американски хипотекарски хартии им дале многу добри оценки за бонитетот. Инвеститорите се потпреле на ваквите оценки при своите зделки. Кога изби кризата, меѓутоа, дури и хартиите со оценка „тројно А“ многу брзо ја загубија својата вредност.

„Стандард и Пурс“ соопшти дека можната тужба е сосема неоснована, зашто никој не можел да го процени сосема падот на пазарот на недвижнини. Според агенцијата, таа дури побрзо од сите други рејтинг агенции презела опсежни мерки во дадената ситуација.

Usa Nevada Zwangsversteigerung Haus

Агенцијата тврди дека никој не можел да го процени вистинскиот размер на падот на пазарот на недвижнини

Рејтинг агенциите со години се предмет на критики, но се извлекуваат од процеси главно успешно, со образложение дека тие застапуваат само едно мислење и не даваат препорака за купување. Сега се чини дека фронтот на одбрана е разнишан.

На средината од јануари судот во Карлсруе пресуди дека рејтинг агенциите во Германија во основа можат да бидат тужени поради нивните проценки. Претходно, еден австралиски суд ја осуди „Стандард и Пурс“ на казна од милиони долари поради тоа што агенцијата со своите проценки ги навела инвеститорите на погрешни потези. Тужбата на американското министерство за правда, сепак, би бил досега најтежок напад врз рејтинг агенциите. Тужбата би можела да биде поднесена уште во текот на неделава, пишува „Вол Стрит Журнал“, повикувајќи се на извори кои се запознати со ситуацијата. Министерството за правда на САД досега нема издадено соопштение во врска со евентуалната тужба.

Поврзана содржина