1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ќе уништуваат сириско хемиско оружје

Повеќе претпријатија покажаа интерес за уништување на сириското хемиско оружје. Најопасните средства ќе бидат уништени од страна на САД. Со резолуцијата на ОН се бара уништување на хемикалиите до средината на 2014година.

Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) се наоѓа пред огтромна задача со оглед на сирискиот арсенал на хемиско оружје: До средината на идната година би морале да бидат уништени стотици тони хемикалии - тоа го предвидува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од септември.

Измината недела беше распишан оглас за уништување на дел од арсеналот оружје. Рокот за пријавување мина на полноќ, а интерес покажаа 35 претпријатија, изјави претставник на Организацијата за забрана на хемиското оружје во Хаг. Се работи за речиси 800 тони хемикалии, кои можат да бидат уништени во комерцијални постројки.

Hauptsitz OPCW

Организацијата за забрана на хемиското оружје

Опасните материи меѓутоа би требало да бидат уништени во високо безбедносна постројка или во море под надзор на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Норвешка, Белгија и Албанија, кои се сметаа за можни кандидати, веќе ја отфрлија таквата можност.

Сега САД, според податоци на надележнит експерти, ќе треба да го спроведат најопасниот дел од уништувањето на сирискиот арсенал со хемиско оружје, уништувајќи го на отворено море. Како што денеска соопшти Организацијата за забрана на хемиското оружје, сириското хемиско оружје ќе треба да биде уништено со постапката хидролиза (поделба на хемиските врски при реакција со вода) и супстанциите да се претворат во безопасни материи. Процесот треба да биде спроведен на брод, кој веќе се прилагодувал за оваа потреба.

Сирискиот арсенал опфаќа вкупно повеќе од илјада тони хемиско оружје. Според податоци на Организацијата за забрана на хемиското оружје, од 23 складишта на хемиско оружје во Сирија, сите со исклучок на едно складиште биле проверени во дадениот рок. Целокупниот арсенал на хемиско оружје во меѓувреме е под надзор, наведуваат од Организацијата за забрана на хемиското оружје, додека сите места за производство не се во погон.