1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ќе и’ продават цивилна атомска технологија на Индија

Буш го потпиша законот со кој се става крај на повеќе од 30-годишната забрана за експорт на атомска технологија во Индија

Синг и Буш

Синг и Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша спорниот закон кој овозможува продажба на атомска технологија за цивилна намена на Индија, која располага и со сопствено атомско оружје, со што законот стапи во сила. Договорот поставува темел за ново стратегиско партнерство на двете држави, рече американскиот претседател. “Договорот ќе помогне да се отвори нов важен пазар за американскиот бизнис, трасирајќи го патот за инвестирање во индиската цивилна нуклеарна индустрија за прв пат воопшто. Оваа нова трговијаќе им помогне на американските компании да стекнат нови купци во странство и ќе создаде нови работни места овде дома кај нас” – рече Џорџ Буш.

Согласноста беше постигната меѓу Буш и индискиот премиер Манмохан Синг во март годинава за време на посетатата на американскиот претседател на Индија. Буш сега, по потпишувањето на законот со кој Америка ќе може да и’ продава на Индија атомски реактори и атомско гориво и со кој се става крај на повеќе од 30-годишната забрана за експорт на атомска технологија во таа земја, искажа надеж дека Индија ќе му пристапи на Договорот за неширење на атомското оружје.