1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД ќе го решава грчко - македонскиот спор за името

По неуспешните обиди на медијаторот Метју Нимиц да пронајде компромис за грчко македонскиот проблем со името, сега САД ќе се обидат да го најдат решението

default

Даниел Фрид, заменик министер за надворешни работи на САД

Американската администрација веќе има и план како Македонија да стане членка на НАТО, а да се избегне грчко вето на самитот во Букурешт.

Скопје и Атина очигледно неделава ќе треба да ги направат домашните консултации, а потоа веројатно во Женева да го продолжат дијалогот. Изгледа се повторува 1995 година, кога САД, тогаш преку Ричард Холбрук, ја изнудија Привремената спогодба за влез на Македонија во ОН со референцата ПЈРМ. Сега улогата на решителен медијатор по се изгледа Вашингтон му ја препушти на својот висок дипломат Даниел Фрид.

Оптимистички пораки на Фрид во Скопје

Македонија никогаш немала поголема шанса и ако го решиме проблемот со соседот Грција, ќе бидете партнери за иднината, порача Фрид. Тој уште потенцираше – „ајде да го решиме проблемот со името, зашто сте многу блиску до НАТО“.

Американскиот дипломат иако е полн со оптимизам, им порача на македонскиот претседател Црвенковски и премиерот Груевски дека треба да ја напуштат зацементираната позиција на патриоти.

Нивниот патриотизам е неспорен според Фрид, но тие имаат капацитети да направат компромис.

И додека политичарите преговараат, а нивните планови засега се уште се тајна, граѓаните се изјаснија – 83 насто од Македонците не сакаат земјата да стане членка во НАТО, ако услов за тоа е промена на името.