1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ја јакнат поддршката на сириската опозиција

Санкциите против режимот на Асад го погодуваат силно и сирискиот народ. Американската влада сака да го спречи тоа, олабавувајќи ја трговската блокада за регионите кои ги контролираат бунтовниците.

Се работи пред се‘ за тоа да се помогне во задоволување на најитните потреби на сирискиот народ, се вели од американското министерство за надворешни работи во Вашингтон. Приоритет имаат прехранбените производи и медицинската помош, но и „поддршката на обновата во ослободените области“, се вели од Вашингтон.

Одредени производи, произведени во САД, кои досега не смееја да се испраќаат во Сирија, во иднина ќе бидат извезувани во регионите контролирани од опозицијата. Станува збор за суровини, софтвер и технологии кои треба да бидат од помош во подобрувањето на ситуацијата во повеќе области. Министерството во овој контекст го споменува снабдувањето со вода, санитарните услови, земјоделството, производството на енергија, сообраќајната структура.

Сепак, фирмите пред извозот треба да добијат дозвола од Министерството за трговија, како и Министерството за финансии, посебно при почнувањето на трансакции во областа на нафтениот сектор.

„Решени сме да направиме се‘ за да ја поддржиме опозицијата во спасувањето на Сирија“, изјави американскиот министер за надворешни работи Џон Кери по средбата со својот британски колега Вилијам Хејг (на фотографијата). Кери меѓутоа не наведе конкретно кои чекори ќе ги преземе администрацијата на американскиот претседател Барак Обама. Вашингтон воздржано реагира и на извештаите, според кои, високи по ранг безбедносни советници бараат вооружување на сириските бунтовници. За таа опција се залагаат Франција и Велика Британија. „Борците на отпорот мора да добијат оружје, зашто Асад употребува авиони, тешко и хемиско оружје“, изјави шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус за ТВ Франс2.

Поврзана содржина