1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ја прекинуваат воената помош за Пакистан?

Според американските медиуми, владата во Вашингтон има намера да ја прекине воената помош за Пакистан во износ од стотици милиони долари за да ја придвижи земјата во борбата против тероризмот.

default

САД, според медиумски извештаи, имаат намера да ја прекинат воената помош од стотици милиони долари за Пакистан, за да ја придвижат владата на земјата на подобра соработка во борбата против тероризмот. Постои можност да бидат замрзнати или целосно укинати парични средства и вооружување во вредност од 800 милиони долари, информира онлајн изданието на „Њујорк тајмс“. Весникот се повикува на информации добиени од високи американски владини службеници. Освен што со овој чекор САД сакаат да ја поттикнат борбата против тероризмот во Пакистан, тој воедно претставува и реакција, бидејќи Пакистан минатите недели протера повеќе од 100 американски воени инструктори.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Горан Чутаноски