1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

САД ја подигнаа највисоката граница за долговите

Американскиот претседател со својот потпис го овозможи подигањето на границата за долговите на САД. Претходно и двата дома на Парламентот ги одобрија плановите.

Со потписот на американскиот претседател Барак Обама во сила стапи подигнувањето на највисоката граница за долговите за буџетот на САД. Со тоа американската влада во наредните 13 месеци ќе може да ги исполни своите платежни обврски.

Изминатата недела републиканците донесоа одлука да го прекинат отпорот против оваа мерка по што Претставничкиот дом со 221 наспроти 201 гласови го усвои законот. Потоа и Сенатот гласаше за подигнување на највисоката граница за долговите.

Досега највисоката граница за долговите на САД изнесуваше 17,3 билиони долари. Американскиот министер за финансии Џек Лоу претходно предупреди дека на земајта и‘ се заканува платежна неспособност, доколку границата не биде подигната до крајот на месецот. Со оглед на претстојните избори за Претставничкиот дом во ноември годинава, ниту републиканците, ниту демократите немаат интерес да ги иритираат избирачите со нов спор околу буџетот на државата.

Гласањето истовремено се смета за успех за Обама. Имено тој со ова е поштеден од повторна блокада на земјата како изминатата есен, кога спорот околу највисоката граница за долговите беше надминат во последна минута.