1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ја подзатворија славината за иранската нафта

Уште пред изборот на новиот ирански претседател, САД ги заострија санкциите против Техеран. Вашингтон цели пред се‘ на нафтената индустрија, најважниот извор на приход за Иран.

САД на црната листа ставија осум фирми од петрохемиската бранша. Тие припаѓаат на иранската држава или се контролирани од неа. Со тоа треба да биде натамошно намален најважниот извор на приход на земјата и зголемен притисокот во спорот околу иранската атомска програма, се вели од Вашингтон.

Заради спроведување на претстојните санкции, воведени се казнени мерки против фирми во Кипар, Киргистан, Украина и Обединетите Арапски Емирати. Тие имале деловни врски со фирмите кои учествуваат во иранската атомска програма.Санкциите на САД погодуваат и голем концерн за прехранбени производи со седиште во Заливот, кој се ангажирал во зделки со петрохемиски производи од Иран.

Иранските приходи се драстично намалени

Од воведувањето на целосно ембарго за иранската нафта од страна на ЕУ и САД во минатото лето, според aмерикански наводи, иранските приходи од нафта се драстично намалени. Осумте кандидати за избор на нов претседател на Иран планираат да ја намалат зависноста на земјата од приходите од извозот на нафта. Тоа е неопходна реакција на санкциите од Запад, изјавија кандидатите при еден ТВ-дуел. Во Иран изборот на претседател ќе биде одржан за две недели. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери меѓутоа не верува дека изборот ќе промени нешто во иранската надворешна политика. САД и останатите западни држави го обвинуваат Техеран дека под плаштот на цивилна атомска програма всушност тајно работи на развој на атомско оружје. Владата на Иран ова категорично го одбива, повикувајќи се на правото на користење атомска енергија. Поради спорот ОН, САД и ЕУ воведоа во повеќе наврати остри санкци, обидувајќи се да го принудат Иран на попуштање.