1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД ја блокираа резолуцијата за Израел

Американската страна смета дека резолуцијата, предложена од страна на арапските држави, е еднострана и политички мотивирана

Џон Болтон

Џон Болтон

Кажаното не, беше јасно и гласно. САД вложија вето на предлог резолуцијата за осуда на нападот на израелската армија во Беит Ханун во кој загинаа 18 палестинци. Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон јасно даде до знаење дека предложениот текст е неприфатлив:

“ Оваа резолуција не дава вистинска слика за актуелните настани во појасот на Газа. Со тоа нема да ги приближиме ниту чекор палестинците и израелците. Ние токму на тоа и работиме“ рече Болтон

Девет членки на советот ја поддржаа резолуцијата, додека Велика Британија, Јапонија, Данска и Словачка кои беа воздржани. Францускиот амбасадор не се согласува со американското вето. Тој смета дека текстот на резолуцијата е фер за сите страни:

“ Мислам дека текстот е избалансиран. Тој испраќа вистински сигнал до двете страни дека советот за безбедност е загрижен за она што се случува во Газа. Советот е загрижен заради смрта на цивилите и за нивна заштита. Се надевам дека фактот што резолуцијата не е усвоена нема да се одрази врз ситуацијата на теренот

Инаку во предлог резолуцијата од израелската страна се бара да ја запре акцијата во појасот на Газа и да ги повлече своите трупи. Истовремено од палестинската страна се бара да запрат ракетните напади врз израелска територија. ОН

Палестинскиот амбасадор во ОН Мансур критикуваше, според него резолуцијата е разумна. Тој нагласи дека палестинците нема да дозволат да бидат обесхрабрени

“Никогаш нема да ја загубиме вербата во големите принципи содржани во повелбата на ОН. Нашата верба во ОН вклучително и советот за безбедност никогаш нема да се намали. Ќе продолжиме да доаѓаме кај вас додека правдата не победи“

За да видат поинакви резултати во советот палестинците најпрвин ќе треба да ги придобијат на своја страна САД, бидејќи американците повеќепати се покажале како доверлив партнер на Израел и ја блокираат веќе втората резолуција во оваа година со која треба да се осудат израелските воени акции во појасот на Газа