1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Штајнмаер

Во судирот околу планираниот анти-ракетен штит во Источна Европа, геерманскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер и неговата американска колешка, Кондолиза Рајс, направија напор за надминување на разликите. По средбата со Рајс во Вашингтон, Штајнмаер изјави дека САД се разбира имаат право да се заштитуваат од ракетни напади на соодветен начин. Според шефот на германската дипломатија, САД имаат разбирање за германското барање околу ова прашање да се разговара до рамки на НАТО. Рајс изјави дека системот не е наосчен против Русија, туку треба да послужи за одбрана од потенцијални напади со ракети со долг дострел, пред се од Иран.