1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Штајнмаер

Во спорот околу планираниот анти-ракетен штит во Источна Европа, германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер и неговата американска колешка, Кондолиза Рајс, се обидоа да ги надминат разликите. По средбата во Вашингтон, Штајнмаер изјави дека САД секако имаат право да се заштитуваат од ракетни напади на соодветен начин. САД исто така имаат разбирање за германското барање околу ова прашање да се разговара до рамки на НАТО. Рајс посочи дека системот не е насочен против Русија, туку треба да послужи за одбрана од потенцијални напади со ракети од долг дострел, пред се‘ од Иран.