1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД - шест години по терористичките напади

*

Токму на шестгодишнината од терористичките напади врз САД на интернет се појави нова порака на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Во неа тој ги фали атентаторите од 11 септември 2001, а видео пораката ја содржи и прошталната порака на еден од напаѓачите.

Инаку централната комеморација денеска ќе се одржи во Њујорк, но за прв пат надвор од Граунд Зиро, местото на кое се наоѓаа двете кули близначки на Светскиот трговски центар. Таму имено во тек се се градежни работи. Комеморацијата ќе започне со минута молчење во 8 часот и 46 минути по локално време, кога првиот авион удри во една од кулите.