1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – ЦИА – Тенет

*

Поранешниот шеф на ЦИА Џорџ Тенет, според мислењето на агенцијата, потфрлил пред терористичките напади врз Светскиот трговски центар во септември 2001 година. Тенет знаел за опасностите од Ал Каеда, се вели во извештајот од интерната истрага на ЦИА направена во 2005 година, објавен во Вашингтон. Шефот на ЦИА пропуштил ефикасно да ја подготви ЦИА за битката против таквата опасност. Затоа се препорачува да се испитаат можностите и за дисциплински мерки против Тенет. Тој ги отфрли овие обвинувања како погрешни.