1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Турција – Курди

Делегација на американскиот Конгрес при посетата на Анкара упати предупредување до турските власти што се однесува до едностраната воена операција на турската армија против курдските бунтовници во Северен Ирак. Шефот на делегацијата Едвард Вајтфилд при тоа призна оти турскиот народ и армијата постојано даваат жртви поради акциите на курдските бунтовници на југо-истокот од Турција. Тој порача дека САД треба да сторат нешто за овој децениски проблем. Делегацијата на американскиот конгрес разговараше со турските пратеници спроти вонредните парлементарни избори, а имаше средба и со премиерот Реџеп Таип Ердоган.