1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Тројца мртви во престрелка во трговски центар

Во фреквентен трговски центар во близина на Вашингтон посетителите биле изненадени од ненадејни истрели. Полицијата на местото на инцидентот, во кој биле убиени три лица, пристигнала во рекордна брзина.

Во трговски центар во близина на Вашингтон, според полицијата се убиени три лица. Според соопштението, засега непознат човек во омилениот трговски центар во Колумбија, во американската сојузна држава Мериленд почнал да пука околу себе. Меѓу жртвите, според претпоставките на полицијата, е и напаѓачот, кој самиот се убил. Освен него загинала една 21-годишна девојка и еден 25-годишен човек. Двајцата биле продавачи во една од продавниците.

Полицијата смета дека нема други соучесници освен напаѓачот, како ни дополнителни жртви. Во трговскиот центар има околу 200 продавници. Американските медиуми шпекулираат дека човекот се скарал со некој од продавачите или со некој друг купувач. Во близина на осомничениот напаѓач полицијата нашла оружје и големо количество муниција. Во САД постојано се случуваат слични инциденти, кои редовно ја разгоруваат дебатата за заострување на правото на носење и купување оруќје. Претседателот Барак Обама е заговорник на тоа, но досега наидува на отпор во Конгресот, првенствено од страна на Републиканската партија, традиционално наклонета кон лабави прописи во врска со оружјето.