1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД стравуваат од ескалација на сириско-турската граница

Соединетите Американски Држави стравуваат дека граѓанската војна која се води во Сирија би можела да се прошири и на Турција. Ситуацијата на границата меѓу двете земји е многу тензична, гласи оценката на Вашингтон.

САД се трудат преку дипломатски канали да го спречат префрлувањето на граѓанската војна во Сирија врз соседна Турција. Ова го соопшти американскиот министер за одбрана Леон Панета. Според неговите зборови последната размена на напади со артилериски проектили меѓу двете земји „предизвикува дополнителна загриженост“. И германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изрази загриженост поради актуелната ситуација на сириско-турската граница. Вчера во близина на турското село Гивечи, педесет километри оддалечено од сириско-турската граница паднаа три гранати. Притоа никој не беше повреден, но Турција возврати со артилериски напад врз сириска територија, иако властите во Анкара подоцна соопштија дека нападите од Сирија биле грешка и оти гранатите биле испукани за време на борбите што се водат во близина на границата меѓу бунтовниците и сириската војска. Тие борби според турските медиуми станале пожестоки.

Дамаск се согласил на тампон зона?

Според наводите на активистите за човекови права, само во вчерашните борби во Сирија загинале најмалку 110 луѓе.

Тускиот весник „Заман“ во меѓувреме јавува дека властите во Дамаск се согласи да создаде тампон зона на границата со Турција

Сириската Влада беше принудена да отстапи пред турскиот ултиматум и да ги прифати условите за создавање на десет километарска тампон зона покрај границата меѓу двете земји, пишува турскиот весник „Заман“.

Весникот, повикувајќи се на информирани извори, наведува дека претседателот на Сирија Башар ал-Асад им наредил на авионите на сириските воено-воздухопловни сили да не се приближуваат до турска граница на помалку од десет километри. На артилеријата и на тенковите на сириските копнени сили им е наредено да не го насочуваат своето оружје кон турска граница.

Формирањето на демилитаризирана зона е барање, кое претходно го изнесе сириската опозиција, бидејќи тоа би и’ овозможило да создаде стабилна база во регионите, кои нема да бидат достапни за сириските вооружени сили.