1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД стравуваат од долга криза

По најновите анти-американски безредија, американскиот претседател Барак Обама не смета со брзо смирување на состојбата на Блискиот Исток, оценува во своето онлјан издание „Њујорк Тајмс“.

Белата куќа оценува дека насилните протести во кои беа убиени четворица американски дипломати, би можеле да доведат до „трајна криза со непредвидливи дипломатски и политички последици“, се вели во извештај на „Њујорк Тајмс“.

Како последица на нападите врз американските претставништва во Тунис и Судан, САД почнаа да го повлекуваат својот персонал од тамошните амбасади. Во дипломатските претставништва ќе остане само онолку персонал колку што е неопходно.

Истовремено, американското министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните да не патуваат во Тунис „во овој момент“. Вакво предупредување е издадено и за Судан. Инаку, Американците почнаа да го зајакнуваат своето воено присуство во регионот. Воени сили се испратени во Судан, Либија и Јемен.

Повик за нови напади

Sydney Proteste vor US Konsulat

Протести пред американскиот конзулат во Сиднеј

Радикални групи повикаа на нови напади врз амбасадите и другите институции на САД. Ал Каеда во Јемен соопшти дека нападите од изминатите денови биле „природен одговор на огромната навреда“ што ја предизвикал анти-исламскиот филм за Мухамед. Истовремено, терористичката организација ги повика и муслиманите во западните земји да ги нападнат клучните институции во тие држави. Повик за протести проширија и пакистанските талибанци.

Протестите траат со денови, но вчера (15.09) состојбата малку се смири. Протестите во текот на вчерашниот ден минаа без крвопролевање. Демонстрации имаше и во Австралија и Франција. Пред американскиот конзулат во Сиднеј дојде до судири меѓу полицијата и околу 200 демонстранти.