1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД стојат пред два предизвика во Авганистан

И покрај обвинувањата за фалсификување на изборите сепак, американската влада не се откажува од старо - новиот претседател Хамид Карзаи. Како реагираше Вашингтон на потврдата на Карзаи на челната позиција во земјата?

default

Хамид Карзаи

Американската влада му честиташе на повторно избраниот претседател, со кого сака и натаму да соработува, да ги поттикне реформите и да придонесе за поголема безбедност на Авганистан, гласи писмената реакција на владата на Барак Обама. Владата на американскиот претседател Барак Обама нема друг избор, таа мора да соработува со Хамид Карзаи, гласи заклучокот на ТВ СиЕнЕн.

Акселрод влева оптимизам

Обама сега е конфронтиран со два предизвика во Авганистан: со силните талибанци во внатрешноста на земјата и со ослабената позиција на претседателот Карзаи во Кабул, коментираат водечките американски медиуми.

Без драма, се обидува да влее оптимизам советникот на Обама, Акселрод: предизвикувачот на Карзаи, Абдула Абдула и без тоа немаше никакви шанси: Абдула во секој случај ќе загубеше, вели Акселрод по повлекувањето на конкурентот на Карзаи. Откажаниот втор круг гласање на претседателските избори во Авганистан за Белата куќа не значи ништо позначајно во нејзината политика, вака се обидува да го намали значењето на изборниот дебакл советникот на Обама.

Факт е меѓутоа, Обама пролетоска испрати 21 илјада дополнителни војници во Авганистан и тоа со цел да овозможат релативно слободни и фер избори. Кога Обама забележа дека Карзаи безобзирно го манипулирал изборниот резултат, го испрати сенаторот Џон Кери во Кабул. Тој со мака го убеди Карзаи да се одржи втор круг претседателски избори. Но, попусто, Обама сега мора да соработува со авганистански претседател кој е послаб од било кога порано.

Неколку отворени прашања

Прашање е дали народот и авганистанската армија ќе го признаат Карзаи за легално избран претседател, се прашува американската национална радио станица НПР. И дали Обама е навистина подготвен да го поддржи Карзаи со дополнителни десетици илјади американски војници. За тоа тој ќе реши идните недели, прогнозира советникот Акселрод.

Конечно, не се работи само за бројки и аритметика кај трупите, туку и за вистинска стратегија. На Обама сега му е уште потешко да ја најде по авганистанскиот изборен дебакл. Неговата влада е фиксирана на воено решение за Авганистан. Но, тоа не е решението, вели портпаролот на воените ветерани од авганистанската војна, кој уште оваа недела ќе излезе пред американскиот конгрес. Терористичката мрежа на Ал Каеда е распространета низ целиот свети мора да биде совладана, но не со се‘ повеќе војници во Авганистан, изјави американскиот офицер за СиЕнЕн.

Автор: Ралф Зина / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска