1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД стојат зад протестите во Сирија?

Сириските власти ги обвинуваат САД дека намерно ги провоцираат и ги поддржуваат протестите на граѓаните низ повеќе градови во земјата.

default

Сириските сили за безбедност упаднаа денеска во северното предградие на Дамаск, Хараст, при што биле повредени повеќе луѓе, јавуваат локални жители. Упадот се случил во пресрет на најавените масовни протести против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Претходно американскиот амбасадор во Сирија Роберт Форд вчера без да добие одобрување од официјален Дамаск го посети градот Хама, каде што се одржуваат најжестоки демонстрации. По посетата сириската влада ги обвини САД дека ги поддржуваат демонстрантите. Од Вашингтон соопштија дека амбасадорот Форд отпатувал во Хама за да им изрази солидарност на жителите.

Автор: АТ/дв

Редактор: Горан Чутаноски