1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД со наследството од 11. септември

Терористичките напади од 11 септември 2001. година оставија видливи траги во безбедносната политика на САД. Нападите со беспилотни летала и следењата од страна на НСА започнаа со „Војната против тероризмот“.

Дванаесет години по терористичките напади на 11 септември новата кула на Светскиот трговски центар во Њујорк се издигнува до небото. На местото на нападот веќе одамна е повторно нешто изградено, а човекот кој ги испланира нападите - Осама Бин Ладен, е мртов. Во меѓувреме, американската војска е повлечена од Ирак. Повлекувањето, пак, на американските воени сили од Авганистан е планирано за 2014 година.

Она што остана е безбедносната политика, која од нападите е доминантна во размислувањето и делувањето на американската влада. „Во 90-те години на минатиот век за американски примат важеше економијата“, вели политикологот Мартин Тунерт од Центарот за американски студии во Хајделберг. Но, по нападите тоа се промени. „Потоа за примат важи безбедноста. И тоа е така до денеска со одредени ограничувања“, додава тој.

Така, војната со беспилотни летала или широко распространетото следење преку разузнавачките служби своето потекло го има во мерките кои Американците ги преземаа по нападите на 11 септември.

AP Iconic Images 11. September World Trade Center

По нападите на 11 септември се зголемија трошоците за безбедноста на САД

„Војна против теророт“

А, разузнавачките служби почнаа да растат по објавувањето на „Војната против теророт“ од страна на тогашниот американски претседател Џорџ Буш. Според информациите на весникот „Вашингтон пост“, буџетот на сите 16 американски разузнавачки служби од 2001. година до сега двојно се зголемил на 52,6 милијарди американски долари. Благодарение на поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност - Едвард Сноуден, податоците за распространетото следење на комуникациите станаа достапни на јавноста.

Obama und Bush gedenken Opfer Anschlag US Botschaft in Dar es Salaam 1998

Тоа што го зачочна Буш го прошири Обама

Министерството за внатрешна безбедност беше основано во 2002. година, како трета најголема служба во САД. Главната задача на околу 200.000 вработени е заштитата на американското население од терористички напади. Трошоците за американската армија, пак, од 2001. до 2012. година скокнаа од 312,74 милијарди долари на 682,45 милијарди долари, што претставува повеќе од двојно зголемување. Трошоците се последица на војните кои САД ги водеа во Авганистан и Ирак под паролата „Војна против тероризмот“.

Освен тоа, во САД постои и т.н. Патриотски акт. Клучните компоненти на Патриотскиот акт се дека разузнавачките агенции следењето на телефонскиот и интернет сообраќајот, како и контролата на финансиските трансакции, во голема мера можат да го прават без судска дозвола. Покрај тоа, беше воведен кривичан закон за непријателите на земјата, според кој судот или обвинението може да се постапува неограничено во однос на странци осомничени за тероризам, кои доколку е потребно би биле притворени во затворскиот камп во заливот Гвантанамо. Во меѓувреме во јавноста се објавија случаи на измачувања во тој затворски камп, но и во логори и затвори во Авганистан и Ирак.

Менување на имиџот или на тактиката?

Мартин Тунерт вели дека САД се концентрирани на засилување на асиметричното водење војни. Петер Рудолф, експерт за Америка во фондацијата „Наука и политика“, пак, смета дека во меѓувреме „легитимитетот на превентивните војни бележи успех и е се’ повеќе прифатен“. Затоа и нападите со беспилотни летала имаат поддршка.

USA stationieren Drohnen in Niger

Се регистрира намален број на напади со беспилотни летала

Претседателот Барак Обама ги прошири воените интервенции со беспилотни летала, кои всушност ги започна неговиот претходник Џорџ В. Буш. Од 2004. година во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан се убиени околу 3.500 лица, од кои стотици цивили. Напади со беспилотни летала повеќепати имаше и во Јемен и во Сомалија.

А, ова го наруши имиџот на САД, смета експертот за Америка, Петер Рудолф. Затоа владата на Обама се обиде тоа да го промени. Во мај годинава Обама вети дека ќе го затвори затворот Гвантанамо и дека војната со беспилотни летала значително ќе ја намали. Всушност бројот на напади со беспилотни летала во последниве три години е и веќе намален.

Обама во една прилика изјави дека САД повеќе не сакаат „во иднина да водат некоја неограничена глобална војна против тероризмот“, зборувајќи притоа за „нова фаза“ во справувањето со тероризмот. Изразот „Војна против тероризмот“ во меѓувреме исчезна од официјалниот речник на владата на Обама. Иако претседателот Обама сака повеќе да ги регулира безбедносните инструменти и методи, сепак не е веројатно дека САД во иднина би се откажале од нив.