1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Сирија е на раб на граѓанска војна

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон смета дека Сирија е на работ на граѓанска војна. За телевизијата Ен-Би-Си таа изјави дека режимот на Асад го испровоцирал народот.

default

Хилари Клинтон

„Би можела да се случи граѓанска војна, со многу решителна и добро вооружена опозиција, врз која би влијаеле луѓе кои ќе преминат од армијата во опозициските редови“, изјави американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон за телевизијата Ен-Би-Си. Таа оценува дека први знаци на ваков конфликт веќе постојат.

Сепак, шефот на американската дипломатија не очекува воена интервенција на

Ägypten Kairo Arabische Liga Beratung über Syrien

Притисокот на Арапската лига е најефективен начин, смета Клинтон

меѓународната заедница, како во случајот со Либија. За такво нешто, според Клинтон, нема подготвеност. Сега треба да се работи на спречување на крвопролевање, изјави Клинтон, која оцени дека „притисокот од страна на Арапската лига е веројатно најефективниот начин“.

Во меѓувреме, во Сирија продолжува насилството. Според наводи на борци за човекови права, безбедносните сили убиле најмалку единаесетмина демонстранти. Во градовите Хомс, Дера, Хама и едно предградие на Дамаск, милициите насилно растуриле собири против претседателот Башар ел-Асад и пукале во толпата. Од почетокот на немирите во Сирија пред осум месеци, според податоци на ОН, убиени се околу 3500 луѓе.

Автор: ЕМФ/ дв/ ртр

Редактор: А.Трајковска