1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД се членкa на Советот за човекови права

Новата американска политика на претседателот Барак Обама се отсликува и со членство во Советот за човекови права на ОН. Со големо мнозинство гласови, САД добија место во ова меѓународно тело.

default

Логото на Советот за човекови права

САД за првпат ќе заземат место во Советот за човекови права на ОН. На седницата на Генералното собрание на ОН, земјата беше избрана со 90 проценти од гласовите.

„За: 167 земји. Им честитам на земјите кои се избрани да бидат членки во Советот за човекови права“ , беше соопштено по гласањето.

Советот за човекови права, формиран пред три години, прво беше бојкотиран од САД, но тоа што земјата сега се кандидираше и стана член на ова тело, укажува на јасна промена на курсот на политиката што ја води претседателот Барак Обама, во споредба со неговиот претходник, Џорџ Буш. Земјите од светот, пак, ја наградија оваа промена и со големо мнозинстово гласаа за САД. Американската амбасадорка во ОН, Сузан Рајс изјави: „Благодарни сме што земјите ги охрабрија САД повторно да играат водечка улога во мултилатералните организации, исто и во ОН, и да одлучуваат за важни

Susan Rice Bildergalerie Kabinett

Сузан Рајс, американска амбасадорка во ОН

прашања како човековите права и демократијата.“

Никој не е перфектен

Во Советот за човекови права повторно се избрани Кина, Русија, Куба и Саудиска Арабија. Групите за заштита на човековите права критикуваа дека овие земји не се залагаат вистински за почитувањето на човековите права, што според нив загрижува. На оваа критика одговори американската амбасадорка во ОН, Рајс: „Се разбира секогаш има земји, чијшто биланс во заштитата на човековите права не е оптимален. Ние самите не сме секогаш перфектни.“

Германија, по три години членство во Советот, не се кандидираше за реизбор. Советот за човекови права на ОН заседава во Женева. Во него членуваат 47 земји, од кои вчера беа избрани или реизбрани 18 земји, кои во наредните три години ќе учестуваат во работа на мултилатералнотот тело. Советот е наследник на Комисјата за човекови права. Негова основна задача е да се залага за зачувување на човековите права во земјите членки на ОН.


Автор: Лена Бодевајн / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM