1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД се претпазливи кон новиот сириски опозициски сојуз

САД не се подготвени да ја признаат новоформираната сириска опозициска коалиција како влада во егзил, изјави американскиот претседател Барак Обама на средба со новинарите.

Претседателот на САД негативно се произнесе и за надежите за испорака на оружје за сириската опозиција. Оружјето би можело да падне во рацете на екстремистите и со тоа да ја загрози регионалната безбедност, образложи Обама на пресконференција во Вашингтон. Тој меѓуто истакна дека САД ја сметаат т.н сириска национална коалиција за легитимен претставник на надежите на сирискиот народ.

Франција која е досега единствена западна земја која ја призна обединетата сириска коалиција како единствен легитимен претставник на земјата уште еднаш му изрази поддршка на опозицискиот сојуз.

Krieg in Syrien Kämpfe in Aleppo

Разурнатиот град Алепо

Претседателот Франсоа Оланд го охрабри лидерот на опозициската коалиција Ахмед Муас ал Kатиб да стори се за авторитетот и веродостојноста на неговата коалиција. Оланд го покани ал Катиб да го посети Париз.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) вчера соопшти дека до крајот на годината ќе подели помош за 500.000 сириски бегалци, и покрај прекинот на операциите заради недоволната безбедност на теренот, пренесе прес секретаријатот на организацијата.

УНХЦР има околу 350 припадници во Сирија, кои работат во трите канцеларии во Дамаск, Алепо и Хасеке. Се смета дека речиси 2,5 милиона Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош.