1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД се подготвени за преговори со Пјонгјанг

Соединетите Американски Држави и покрај провокациите од Северна Кореја кои не престануваат, сигнализираат подготвеност за преговори со Пјонгјанг, но поставуваат услови.

Американскиоот министер за надворешни работи Џон Кери (на фотографијата со јапонскиот колега Фумио Кишида) за време на посетата на Токио изјави дека неговата земја останува отворена за „веродостојни и доверливи“ разговори околу нуклеарното разоружување. Но, раководството на Северна Кореја мора да преземе „значајни чекори“ за да покаже дека сака да ги спроведе меѓународните обврски во насока на нуклеарно разоружување, рече американскиот министер. Според него, севернокорејската нукеларна програма не претставува опасност само за соседните држави, туку е закана и за севернокорејскиот народ.

Северна Кореја денеска го прославува роденденот на основачот на државата Ким Ил Сунг. Овој ден е еден од најголемите државни празници во Северна Кореја. Меѓународната заедница стравува дека новиот властодржец Ким Јонг Ун би можел да го искористи празникот за спроведување на повеќе пати најавуваниот ракетен тест. Инаку, Ким Јонг Ун денеска се појави првпат во јавноста по повеќе денови и го посети мавзолејот во којшто се закопани неговиот дедо Ким Ил Сунг и татко му Ким Јонг Ил. Тој беше во придружба на околу 30-тина претставници на армијата, партијата и владата.