1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД се повлекуваат од воздушните операции против Либија

САД ќе им ја препуштат одговорноста за воздушната кампања на сојузниците од НАТО, соопшти американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Во меѓувреме претставник на Гадафи е на преговори во Лондон, јавуваат медиумите.

default

Американски борбен авион од типот Ф18

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс пред Конгресот соопшти дека сите авиони на САД до утре ќе бидат повлечени од воздушната операција која ја спроведува алијансата од западни сојузници во Либија . Гејтс очекува дека Велика Британија, Франција и другите НАТО сојузници можат да ги продолжат воздушните удари самостојно. Одлуката на секратарот за одбрана предизвика големи реакции во Конгресот.

Libyen Luftangriffe Luftbetankung

Претставник на Гадафи преговара во Лондон?

Од другастрана британските медиуми јавуваат дека висок пратеник на либискиот режим веќе неколку дена е во Лондон на преговори со тамошните власти, јавија повеќе британски медиуми. Британскиот Форин Офис не ја потврди веста, но соопшти дека во сите контакти што ги имале со либиски претставници укажале дека Моамер Гадафи мора да си замине. Се претпоставува дека во Лондон престојува Мохамед Исмаил, близок соработник на еден од синовите на Моамер Гадафи. По пребегот на либискиот министер за надворешни работи Муса Куса, според непотврдени информации и многу други соработници на Гадафи ја напуштиле земјата.

Lybien Luftangriff

Лошото време виновно за контраофанзивата на силите лојални на Гадафи

Во меѓувреме првиот човек на американските вооружени сили, адмиралот Мајк Малин, даде објаснување за успешната контраофанзива на силите лојални на Гадафи против бунтовниците на истокот на Либија. Според шефот лошите временски услови од почетокот на неделата ја ограничуваат ефикасноста на воздушните напади врз силите лојални на Гадафи.

Поради лошото времево изминатите три-четири денови е намалена видливоста и екипажите на воените авиони немаат целосна прецизност на целите, наведе Малин.

Автор:БГ/СН/ббц/ртр/ап

Редактор: Симе Недевски

DW.COM